За G-Emona Plast
G-Emona Plast е современа производствена компанија специјализирана за изработка на еднократна амбалажа
G-Emona Plast е современа производствена компанија специјализирана за изработка на еднократна амбалажа, наменета за потребите на кетеринг компании, ресторани, кафе-барови, слаткари, хотели и други угостителски објекти. Компанијата е основана во 2012 година, со седиште во Скопје, и повеќе од една деценија претставува сигурен и препознатлив партнер во угостителската индустрија.
Покрај присуството на домашниот пазар, G-Emona Plast успешно извезува и надвор од Македонија, со што го потврдува квалитетот и конкурентноста на своите производи и услуги на регионално ниво.
Производство и асортиман
Компанијата располага со сопствено производство и нуди широк асортиман на производи за еднократна употреба, меѓу кои:
•Хартиени чаши и хартиени тањири
•Пластични чаши и капаци
•Кетеринг стапчиња
•Цевки (сламки)
•Мешалки за коктели
•Пластични лажички и друг придружен асортиман
Сите производи се изработуваат според високи стандарди за квалитет, функционалност и хигиена, со можност за прилагодување на потребите на клиентите.
Персонализирани решенија и развој
Покрај стандардното производство, G-Emona Plast нуди можност за изработка на производи со вашето компаниcко лого, овозможувајќи брендирани решенија кои го зајакнуваат визуелниот идентитет на клиентите.
Дополнително, компанијата изработува калапи за сите видови пластични производи, нудејќи целосна услуга – од идеја и дизајн, до финален производ. Оваа флексибилност ни овозможува да одговориме и на специфични, индивидуални барања од различни индустрии.
Доверба изградена со искуство
Во текот на своето работење, G-Emona Plast има соработувано и произведувано за реномирани компании како ARC, Cranfild,Leov, Sobim, како и за бројни други домашни и странски партнери. Овие соработки се потврда за нашата професионалност, сигурност и доследност во квалитетот.
Нашата визија
Нашата визија е континуиран развој и унапредување на производните капацитети, следење на трендовите во индустријата и проширување на присуството на странските пазари. Целта ни е да бидеме препознатлив бренд за квалитетна, функционална и прилагодена еднократна амбалажа.
G-Emona Plast – сигурен партнер за квалитетни и персонализирани производствени решенија.